Djilma Rousseff, претседателка на Бразил:
“Ова е многу тажна ноќ за сите Бразилци. Сочуствувам со навивачите и играчите. Но, нема да потклекнеме. Бразилци, кренете се, избришете ја прашината и тргнете напред”.
Gary Lineker, екс репрезентативец на Англија:
“Во скоро половина век колку што следам фудбал, никогаш не сум видел нешто слично како вечерва”.
Mauricio Savarese, бразилски писател:
“Трагично? Не, не е, ова е патетично. Поразот од 1950 беше трагичен, ова беше комедија”.
Juninho, поранешен репрезентативец на Бразил:
“Од ова Бразил тешко ќе се врати. Мислам дека некои играчи ќе се простат од националниот дрес, но сега не треба да се критикуваат играчите. Германците ни одржаа лекција од фудбал, а ние сега мораме да ги научиме основите од модерен фудбал”.
Galvao Bueno, најпознат бразилски спортски коментатор:
“Ова е најголемата сензација во 84 години откако се игра Светско првенство. Беа тоа 10 минути на потполн мрак за сите Бразилци. Така не смее да игра една репрезентација во полуфинале на Светско првенство”.
Oliver Khan, поранешен голман на Германија:
“Не знам како ова ќе го преживеат играчите на Бразил. Плачеа пред натпреварот, а плачеа и по натпреварот. Емоционално се распаднаа од сопствените и од туѓите очекувања”.
Alan Hansen, поранешен репрезентативец на Шкотска:
“Во историјата на фудбалот немало сличен натпревар. Ова беше понижување за бразилскиот фудбал, начинот на кои тие се бранеа беше за четири нивоа под најлошото. David Luiz требаше да е лидер на екипата, а тој прв го напушти бродот кој тоне”.
Rivaldo, Поранешен репрезентативец на Бразил:
“Тешко е да се објасни како дојде до ова. Очигледно во бразилскиот фудбал мораме да почнеме од почеток бидејќи и малите деца ги учат погрешно како се игра модерен фудбал”.
Jurgen Klinsmann, селектор на САД:
“Германија испиша историја. Горд сум што сум Германец”.
Julio Cesar, голман на Бразил:
“Сега ќе си одиме дома, кај своите фамилии бидејќи мислам дека во овој момент само тие не сакаат”.
{loadposition content9}