Skip to main content

Реал во лов за спас на сезоната, Сити по своето прво полуфинале во ЛШ

“Ќе нѝ треба совршена вечер”

 |  инфодеск  | 

Реал Мадрид е шеста сезона по ред во четвртфиналето, и по 33 пат во историјата, а до сега 26 пати успеал да игра во полуфиналето на Лигата на шампиони. Последните 5 четвртфинални дуели успеваше да ги добие и девет од последните десет. Кралскиот клуб 22 пати успевал да надомести пораз од првиот натпревар, при што 8 од 13 пати надоместил 2 или повеќе голови од првиот натпревар. Меѓутоа, од 2002 година ниту еднаш не поминал понатаму откако го изгубил првиот натпревар. 5 пати го губел првиот двобој и потоа бил елиминиран од Рома, Лион, Баерн, Борусија Дортмунд и минатата сезона од Јувентус.

“Ќе ни треба совршена вечер. Нема да биде лесно, ќе мораме да одиграме со многу интензитет отколку во првата средба”, рекол Кристијано Роналдо.

“Ние сме Реал и кога ќе згрми Сантијаго Бернабеу сѐ е можно. Верувам дека со нашите навивачи ќе ги надоместиме двата гола”, изјавил Зинедин Зидан.

Во противничкиот табор мирно го чекаат гостувањето во Мадрид. Веќе самиот пласман во четвртфиналето е најголем успех на Волците од Волсфбург. Досега два пати стигнувале до четвртфинале на Лига Европа во 2010 кога беше елиминиран од Фулам, и минатата година од Наполи.

“Реал во првата средба нѐ потцени, но во реваншот тоа нема да е така. Ќе бидат максимално ангажирани од првата минута”, смета тренерот на германскиот состав Дитер Хејкинг.

“Мораме да ја сочуваме максималната концентрација. Доколку добро го затвориме просторот пред нашиот гол можеме да се надеваме на чудо. Имам чувство дека за нас Лигата на шампиони е идеално натпреварување”, изјавил Јулиан Дрекслер.

Во Манчестер Сити се лови првото полуфинале во Лигата на шампиони, а ПСЖ второ по 1995 кога во полуфиналето загуби од Милан. Двата клуба имаат европски трофеј. Сити во Европа најголем успех има во 1970 година освојувајќи го тогашниот Куп на купови, додека ПСЖ во истото натпреваруваше славеше во 1996 година.

“Што очекувам од реваншот? Пласман во полуфинале”, искрено признал менаџерот на Сити Мануел Пелегрини. “Досега бевме критикувани дека не знаеме да играме во Европа, но оваа сезона тоа го демантираше”, додал чилеанскиот тренер.

“Реваншот ќе биде далеку посложен и потежок од првиот натпревар. Во првата средба бевме подобри и требаше да славиме. Добро ги анализиравме грешките и се надевам дека нема да ги повториме. Нема да калкулираме, ќе напднеме од првата минута”, изјавил тренерот на францускиот првак Лоран Блан.