Skip to main content

Рекорден број на медали, 266 и 12 пехари во 2023 год за Македонската Традиционална Таеквондо Федерација

Најдобрата кадетка во Европа Христијана Парулеска е наградена и со највисокото општинско признание Повелбата “Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид.
 |  инфодеск  | 

Македонската Традиционална Теквондо Федерација направи ретроспектива на успесите во 2023 година, која е и најуспешна година за нив. После 31 година конечно добивме решение дејност спорт, наша федерација, потоа го организиравме официјално првото државно првенство, вели Марјанчо Лазаревски претседател на М.Т.Т.Ф.

Учествувавме на Европското првенство во Јесоло, Италија. Христијана Парулеска се натпреваруваше во две дисциплини, освои прво место во борби и второ место во форми. Со два освоени медали и со најдобар резултат доби пехар за најдобра кадетка во Европа што е прв, историски пехар на македонскиот спорт во индивидуални спортови, вели Лазаревски.

Годинава таеквондистите учествуваа на 10 меѓународни натпревари и освоија рекорден број на медали, 266, како и  12 пехари за најдобри поединци. Учествуваа на Светското првенство во Астана, Казахстан, каде Христијана Парулеска го освои бронзениот медал во борби, Елена Јанеска и Давид Крстески стигнаа до петто место, бидејќи беа оштетени од страна на судиите. Најдобрата кадетка во Европа, Христијана Парулеска годинава беше наградена и со Повелбата Св.Климент Охридски – Патрон на Охрид и е прва што на 14 години добива вакво признание.

Првиот човек на Македонската традиционална теквондо федерација, Марјанчо Лазаревски ја искористи приликата посебно да изрази најголема благодарност до Генералниот спонзор „ПН МЕТАЛ”, кој ги поддржува во остварувањето на сите нивни резултати. Огромна благодарност упати до Агенцијата за млади и спорт, општина Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков, како и до сите медиуми и портали, кои како што вели Лазаревски, верно не подржуваат, се радуваат на нашите успеси и ни даваат мотив за уште поголеми успеси.

На синоќешната предновогодишна забава ТВМ доби благодарница за медиумската поддршка. Плановите за следната година се учество на Европско првенство и Светски Куп, со надеж дека од овие престижни натпревари ќе се вратат со медали. Кон крајот на јуни ќе се организира Mеѓународниот Таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2024“, за кој веќе има најави дека ќе учествуваат голем број натпреварувачи.