Рекорден трансфер за Роналдо
Др. Сулејман Ал-Фахим, сопственикот на „Манчестер Сити“, ќе ја даде најголемата понуда за Кристијано Роналдо во јануари.
„Роналдо изјави дека сака да игра за најголемиот клуб во светот, така да ние во јануари ќе провериме дали навистина го мислеше тоа“, изјави Ал-Фахим за еден арапски бизнис магазин.
„Од „Реал-Мадрид“ ја проценија неговата вредност на 160 милиони долари, но за таков играч, да биде во нашите редови, мислам дека ќе треба многу повеќе, некаде околу 240 милиони долари или 134 милиони фунти.“ додаде Фахим.
Храбрата изјава на сопственикот на „Манчестер Сити продолжи со зборовите дека се подготовени за тоа и дека најголемиот фудбалски клуб во однина, кој ќе биде поголем и од „Реал“ и од „Манчестер Јунајтед“ го заслужува најдобриот играч во светот.