Skip to main content

Репрезентативците на подготовки во Охрид

Националниот тим на Македонија се наоѓа во нашиов град каде се подготвува за претстојните квалификациски средби со Норвешка и Исланд.

 |  Крсте Голабовски  | 
Mirsad Jonuz
Мирсад Јонуз
Националниот тим на Македонија се наоѓа во нашиов град каде се подготвува за претстојните квалификациски средби со Норвешка и Исланд.

Mirsad JonuzВо идеални услови на на стадионот „Билјанини извори“ изутринава Македонската фудбалска репрезентација продолжува со тренинзите. Според селекторот Мирсад Јонуз, здравствениот билтен е одличен, а единствено Новески работи под посебен режим и селекторот се надева дека ќе биде оспособен за другиот настап на репрезентацијата.

Денес на програмата македонските репрезентативци ќе имаат два полесни тренинзи, но и извршување на техничко-тактички задачи, за да утре следи еден посилен тренинг и одредување на 15-те фудбалери кои ќе играат во првиот состав. Репрезентацијата во четврток заминува за Скопје на два дена за аклиматизација пред предстојниот натпревар против Норвешка. Што се однесува до климата во редовите на Репрезентацијата, таа е одлична и иако станува за силен противник секторот Јонуз е оптимист.

Што се однесува до кандидатите за голманската позиција, и тројцата се во добра психо-физичка кондиција и во добра форма. Најподготвениот од нив ќе ја добие и шансата за настап. Предвидено е и гледање на видео снимки од средбите на Норвешка со Ј.Африка и Холандија- изјави новиот селектор Јонуз.

 

{loadposition content9}