Во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ во водите на Охридското Езеро во близина на Градското пристаниште во Охрид се одржа ревијален ватерполо турнир. Спортскиот настан кој се одржуваше во текот на денешниот и вчерашниот ден беше дел од програмата на Ohrid Water Festival.
На ватерполо турнирот учествуваа екипи од ватерполо ветерани од Охрид, Струга и Скопје, како и учесници од соседните држави.