Skip to main content

Легендарниот Ривалдо се врати во фудбалот на 43 години

“Ако јас со 43 години можам да играм, тогаш тие мораат многу подобро”

 |  инфодеск  | 

Ривалдо настапи за Моги Мирим, клуб во кој и самиот е претседател, во двобојот во втората лига против Наутико. Ривалдо играше до 68 минута и до неговото излегување гостите водеа со 1-0. Две минути по неговото излегување неговите соиграчи израмнија, а две минути пред крајот на средбата домаќините го постигнаа победоносниот гол. Тоа беше прв победа на Моги Мирим во 11 кола.
“По 15 месеци пауза почнав да тренирам и ќе играм повремено. Сакам да ги инспирирам младите играчи да го даваат својот максимум. Ако јас со 42 години можам да играм, тогаш тие мораат многу подобро”, рекол Ривалдо кој во 1999 година беше прогласен за најдобар играч на светот во изборот на ФИФА.
Моги Мирим моментално се наоѓа на дното од табелата со пет бодови помалку од зоната за спас.
“Ситуацијата не е добра, но до крајот на сезоната има уште доволно натпревари”, додаде екс ѕвездата на Барселона и Милан.