Skip to main content

Родман и лидерот

Денис Родман, еден од најпрепознатливите кошаркари во историјата на НБА, за време на својот престој во Северна Кореја се сретна и со лидерот на оваа земја Ким Јонг-Ум.

 |  Голабовски Крсте  | 
Denis Rodman i Kim Jong Um
Денис Родман и Ким Јонг Ум

Денис Родман, еден од најпрепознатливите кошаркари во историјата на НБА, за време на својот престој во Северна Кореја се сретна и со лидерот на оваа земја Ким Јонг-Ум со кого проследија кошаркарски натпревар а потоа добил и богата вечера заедно со својот нов пријател.

Denis Rodman i Kim Jong Um„Ти имаш пријател за цел живот“ – му се обратил Родман на Јонг-Ум за време на кошаркарскиот дуел на кој се сретнале американски и севернокорејски кошаркари. Во текот на целата средба и двајцата биле видно расположени, притоа веќе сосема сигурно Родман, како што пренесоа американските медиуми, најавувајќи го своето амбасадарско место во Северна Кореја.

Поранешниот кошаркар на Детроит и Чикаго Булс веќе неколку денови е во Пјонгјанг со уште неколку играчи на „Харлем Глобтротерс“ но и ТВ екипата на HBO која ќе снима документарец за Северна Кореја. САД е во прилично затегнати односи со Северна Кореја, а меѓусебната нетрпеливост на двете политики јасно се пренесува и на народите на двете земји. Но, Родман вели дека не го интересира политика.

„Јас не сум политичар. Ким Јонг-Ум и народот на Северна Кореја се големи кошаркарски фанови. Јас го сакам секого. Точка. Крај на приказната“ – напиша на својот Твитер профил Денис Родман.

{loadposition content9}