Skip to main content

Роже Федерер стигна до својата тринаесетта грен слем титула

Федерер во финалето го совлада шкотланѓанецот Енди Мареј со 3-0 во сетови, за само 1 час и 51 минута.

 |  Крсте Голабовски  | 
Федерер во финалето го совлада шкотланѓанецот Енди Мареј со 3-0 во сетови, за само 1 час и 51 минута. Во меѓусебните средби сега е 2-2. Федерер го доби првиот сет на највисоко ниво и многу лесно, додека Мареј беше предизвик само во вториот сет, додека последниот сет беше рутинско завршување на работата.

Од самиот почеток на мечот, Федерер играше со сета сила и не го зголемуваше ритамот постепено, како што има обичај. Знаеше дека во вакви дуели со понеискусен противник, добивањето на првиот сет е многу важно. Форхендот го служеше добро, но сепак деконцентрацијата на Мареј беше пресудна за брејк во шестиоот гем. Британецот направи многу неизнудени грешки, десет во првиот сет само, со што му го препушти водството на Федерер.

Се до финишот, Мареј лесно ги држеше гемовите на свој сервис, но притисокот беше се поголем бидејќи Федерер прв сервираше. Во 12-от гем Марејне издржа, изигра премногу пасивно,Федерер маестрално го промени ритамот со два напади на мрежата за да дојде до 2-0 во сетови.

На почетокот на третиот сет тотално, падна на психолошка основа и лесно му дозволи на Федерер да стигне до недостижните 5-0. Британецот ги освои следните два гема, во манир на безгрижност, но тоа беше се.
Федерер со овј најнов триумф му покажа на светот дека е далеку од пензија, која му ја препишуваа многумина после слабата мината сезона.