Skip to main content

Руски милијардер

Роман Абрамович се враќа во фудбалот?

Медиумите од Бразил пренесуваат дека Абрамович сака да купи клуб од Бразил, а се споменуваат гигантите Сао Паоло или Атлетико Минеиро. Во опција е и второлигашот Лондрин.
 |  инфодеск  | 
Роман Абрамович

Рускиот милијардер, Роман Абрамович кој 19 години беше газда на Челзи, сега е без клуб откако мораше да ги продаде „сините“ поради војната во Украина, но изгледа дека не може без фудбал.

Сега бразилските медиуми пренесуваат дека Абрамович може да купи клуб од Бразил, а имал две опции, Атлетико Минеиро и Сао Паоло.

Новата идеја на Абрамович е да создаде екипа со која ќе доминира во Јужна Америка.