Skip to main content

Роналдо и другарите имаа војнички тренинг

Во екот на подготовките на Португалија со својата прва ѕвезда Кристијано Роналдо, инаку најскап светски фудбалер, репрезентативците на оваа земја инаа необичен тренинг воден од – специјалните сили на војската.

 |  Маја Савиќ  | 
Ronaldo kako Rambo
Роналдо како Рамбо

portugalija treningФудбалерите и Роналдо како ѕвезда беа како Џон Рамбо, облечени во максирни униформи и офарбани по лицето, како да ќе одат во ослободителна мисија од филмовите на познатиот холивудски глумец Силвестер Сталоне. Играчите беа потполно непретпознатливи, освен по копачките кои ги носеа како единствен дел од фудбалската опрема.

Португалците тренирале под команда на војните сили на својата земја, а имале тренинзи кои се користат само во војска. Значи биле под „жесток оган“ на претпоставените, па покрај склекови тренираа и во полна воена опрена, со пучки кои се користат за пеинт-бол.

portugalija trening


Сето ова било со цел фудбалерите да добијат повеќе на зголемување на воениот дух и на подигнување на адреналинот, како и на подобрување на физичката подготовка. Колку ќе биде сето ова плодно, ќе покажат првите десетина дена, затоа што Португалците се во групата на смртта, со петкратниот светски првак Бразил и со Брегот на Слоновата Коска, предводена од Дидие Дрогба. Аутсајдер е нормално Северна Кореја, селекцијата со најслаб рејтинг во историјата на Мундијалите – 102 место.

{loadposition content9}