Skip to main content

Роналдо ќе се збогува од фудбалот

Роналдо Луис Назарио де Лима, 33-годишниот напаѓач на бразилски Коринтијанс, денеска го продолжи договорот со клубот од Сао Паоло за година дена, поточно до крајот на 2011 година.

 |  Маја Савиќ  | 
Ronaldo
Роналдо

RonaldoРоналдо Луис Назарио де Лима, 33-годишниот напаѓач на бразилски Коринтијанс, денеска го продолжи договорот со клубот од Сао Паоло за година дена, поточно до крајот на 2011 година.

По неговиот истек најдобриот фудбалер на светото во изборот на ФИФА за 1996, 1997 и 2002 година има намера да ги закачи копачките на клин. Тоа значи дека бразилските љубители на фудбалот во неговите настапи ќе можат да уживаат уште две цели сезони.

“Се надевам дека во претстојниот период добро ќе се забавувам и ќе освојам значајни титули. Потоа ќе станам амбасадор на Коринтијанс” – изјавил големиот Бразилец, поранешниот играч на Крузеиро, ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид и Милан.

За бразилската репрезентација Роналдо одигра 97 меча и постигна 62 гола. Учествуваше на 4 Светски првенства. Не е тајна дека сака да настапи и на петто, ова лето во Јужна Африка.




{loadposition content}