Skip to main content

Рос Браун воодушевен од Хамилтон

Тимскиот шеф на Мерцедес, Рос Браун, во првиот медиумски настап по тестирањето во Херез, упати низа комплименти на сметка на новиот возач во екипата, Луис Хамилтон.

 |  Голабовски Крсте  | 
hamilton i braun
хамилтон и браун

Тимскиот шеф на Мерцедес, Рос Браун, во првиот медиумски настап по тестирањето во Херез, упати низа комплименти на сметка на новиот возач во екипата, Луис Хамилтон.

Во својата оценка, Браун се повикува на методичноста на Хамилтон и неговиот пристап кон задачата да му помогне на тимот да напредува.

Ros Braun– Очигледно е дека тој е мошне талентиран возач. Но, Формула 1 е многу повеќе. Постојат многу талентирани возачи, кои немаат ништо повеќе. Мислам дека тој го има и она другото,- вели Браун за Аутоспорт. – Мошне е директен, но исто така и многу едноставен. Ни кажува што тој мисли. Никогаш не му недостигаат зборови да опише детали, па дознаваш на кое ниво мора да одиш. Заинтересиран е за се околу болидот, дури и за налепниците дека би можеле да не се соодветно поставени на шасијата. Има добро око за детали и мислам дека ќе биде мошне инволвиран член на екипата, што нам ни е потребно,- додава англискиот инженер, кој претходно освои осум титули со Шумахер и Батон.

Ваквата посветеност за Браун е знак за голема мотивација за целата екипа. Тој открива дека Хамилтон бил присутен на тестирањата и кога зад воланот бил Розберг, учејќи од комуникацијата на германскиот возач кој е веќе четврта сезона во екипата. Оттаму произлегува неговата оцена дека Луис е се што тој посакувал да биде кога ќе дојде во нивниот тим, а се надева дека преку дискусиите и критиките ќе успее конструктивно да ги насочи за да одат чекор понапред.

{loadposition content9}