Русија ги укина визите за спортистите
Домаќините на Зимските олимписки игри во 2014 година ги укинаа визите за спортистите и спортските работници кои ќе доаѓаат во оваа земја на меѓународни натпреварувања.
Домаќините на Зимските олимписки игри во 2014 година ги укинаа визите за спортистите и спортските работници кои ќе доаѓаат во оваа земја на меѓународни натпреварувања.
Претседателот на Руската федерација, Владимир Путин, ја потпишал уредбата со која на учесниците на спортските натпреварувања им се дозволува влез во земјата без барање за виза. Ваквиот безвизен режим ќе важи за тренери, спортски судии и членови на странските делегации. Во указот се наведува дека спортистите ќе можат да влезат во Русија со акредитацијата која ја издава организаторот на натпреварувањето.
Покрај ЗОИ 2014, во Русија од следната година ќе се организира и трка од Светското првенство на Формула 1, Светското првенство во атлетика, Универзијадата, а круна ќе биде Светското фудбалско првенство во 2018 година. Само за потребите на ЗОИ се инвестирани 17 милијарди долари во инфраструктурата на Сочи.
{loadposition content9}