Тренерот на канадскиот тим во санкање Волфганг Штаудингер ги обвини Русите дека ги саботирале неговите избраници во трката во санкање.
Канаѓаните го завзедоа четртото место во таа конкуренција, зад неприкосновените Германци, Руси и Летонци.
„Го имавме среброто во раце во горниот дел од патеката, но како одевме надолу бевме се поспори и поспори, и тоа беше јасен знак дека некој значително ја успорил патеката“, рекол Штаудингер.
Температурата на патеката за санкање се контролира, така да, можно е, само да се зголеми температурата и патеката да се успори. Штаудингер верува дека Русите го направиле токму тоа како би си обезбедиле медал, додека Канаѓаните и Австралијанците кои беа меѓу фаворитите останаа со празни раце.
„Едноставно не успеавме да ја задржиме брзината, а тимот воопшто не згреши при управувањето на санката. Секогаше тешко вакво нешто да се докаже, но доволно сум долго во овој спорт да видам дека нешто не е во ред. Погледнете ги Австралијанците, освоија сребрен медал ден порано а сега неверојатно ја губеа брзината“ – истакнал Штаудингер.
Извршниот директор на игрите во Сочи Гилберт Фели рекол за Штаудингер дека не знае да губи, и тоа бил одговорот на обвинувањата.
„Како што знаете, во секое натпреварување, имате луѓе кои веруваат дека другите мамат. И јас мислам дека треба да заборават на ова, освен ако имаат некој доказ дека некој нешто направил“, истакнал Фели.