Skip to main content

“The Sunday Times” ја открива аферата за СП

Се откриваат детали за големата афера на само 10 дена пред Светското првенство

 |  инфодеск  | 

Десет дена пред почетокот на Светското првенство во Бразил, Меѓународната федерација (ФИФА) ја потресува голема афера откако Sunday Times објави како Катар ги подмитил челниците на ФИФА.

Sunday Times дошол во посед на тајните мејлови, писма и докази за банкарските трансакции кои укажуваат дека водечките луѓе на катарскиот фудбалски сојуз ги подмитувале функционерите на ФИФА за да ја поддржат кандидатурата на оваа држава за организација на СП 2022 година. Уплатите покажуваат дека екс катарскиот функционер Mohamed Bin Hammam поделил 3,7 милиони евра мито. Парите пристигнувале на сметките на функционерите на ФИФА, една година пред да биде донесена одлуката за домаќин на СП.

Катарскиот фудбалски сојуз ги негирал овие обвиненија и тврди дека Bin Hammam делувал самостојно и дека ја немал поддршката на фудбалскиот сојуз на таа земја. Bin Hammam, како и неговото семејство, не сакале да го коментираат пишувањето на Sunday Times.

Интересно, ФИФА во 2011 доживотно го суспендира Bin Hammam, кој беше и претседател на Азискиот фудбалски сојуз, поради подмитување на гласачите во изборот за претседател на ФИФА. Bin Hammam тогаш стана највисокиот функционер на ФИФА, осуден за корупција во 107 годишното постоење на таа организација. Катарецот неубедливо негираше, тврдејќи дека се работело за вообичаени подароци.

{loadposition content9}