Шумахер полека се враќа во форма
Седумкратниот светски шампион изјави дека загубил три килограми како дел од програмата за враќање во форма и замената на Фелипе Маса.
Седумкратниот светски шампион изјави дека загубил три килограми како дел од програмата за враќање во форма и замената на Фелипе Маса.
„Моментално сум среде подготовките за големата награда на валенсија, загубив три килограми, многу важно за мускулната маса, а единствено ме загрижуваат болките во вратот. Морам да поработам на тоа бидејќи здравјето ми е приоритет, и тоа го знаат сите во Ферари“, изјави Шумахер.
Тој треба да се врати во Ф1 на големата трка за Наградата на Европа, која е на програмата на 23 август, додека Маса заздравува после повредите кои ги доби на Трката на Унгароринг.
„Михаел сеуште не е сигурен дали неговиот врат ќе го издржи напорот.Се зависи од лекарските прегледи кои допрва следуваат, па после тие прегледи ќе знае дали може да вози или не“ изјави неговата портпаролка, Сабине Кем.
{loadposition content9}