Skip to main content

Општина Охрид

Се одржа Меѓународниот фудбалски турнир „Св. Климентов – Куп“

Со организирањето на „Св. Климентовиот – Куп“ се дава значаен придонес во развојот на спортот во градот.
 |  инфодеск  | 

Викендов на теренот со вештачка трева се одржа второто издание на Меѓународниот фудбалски турнир „Св. Климентов – Куп“. Учество на турнирот зедоа повеќе од 100 екипи од земјата и странство.

Во име на Општина Охрид медалите и пехарите за најдобрите ги додели заменик градоначалникот Перчо Божиноски, кој им честиташе за постигнатиот успех и посака и наредната година да бидат дел од овој турнир, а на организаторите им посака наредното издание на турнирот да биде уште помасовно.

Со организирањето на „Св. Климентовиот – Куп“ се дава значаен придонес во развојот на спортот во градот.