Skip to main content

шаховскиот клуб „Ласкер“ и со поддршка на Општина Охрид

Се одржа третиот рапид турнир во шах „Езерски бисери 2024”

На турнирот учество зедоа 81 напреварувач од Македонија и истиот се одвиваше по Швајцарски систем во 9 кола.
 |  инфодеск  | 

Во организација на шаховскиот клуб „Ласкер“ и со поддршка на Општина Охрид во ООУ „Братство Единство“ се одржа третиот рапид турнир во шах „Езерски бисери 2024”.

На турнирот учество зедоа 81 напреварувач од Македонија и истиот се одвиваше по Швајцарски систем во 9 кола.

Овогодинешната бројка на пријавени учесници значи дека овој шаховски турнир полека но сигрно прераснува во една важна манифестација, која го позиционира Охрид помеѓу шаховските центри во нашата држава и во регионот кажа во обраќањето на свеченото отворање на турнирот советникот во Советот на Општина Охрид, Наум Јамандиев.

Горди сме на сите млади таленти и успешни шахисти кои освојуваат бројни награди и од кои очекуваме уште поголеми успеси во иднина. Упатувам искрени честитки и благодарност до организаторите на овој турнир со надеж дека оваа традиција ќе продолжи во континуитет и во иднина ќе може да бидеме домаќини на вакви случувања. Општина Охрид како и до сега, ќе продолжи да ги поддржува спортските настани и да ги стимулира младите теленти, истакна Јамандиев во своето обраќање.

Првото место на турнирот му припадна на Дејан Ѓорѓиески, второпласиран беше Маријан Дамчески, а на третата позиција беше рангиран Кире Николоски. Тројцата наградени натпреварувачи се од Шаховскиот клуб „Пелагон“ од Прилеп. На четвртата позиција на турнирот беше позициониран Стојан Велкоски од Шаховскиот клуб „Алкалоид“ од Скопје, а на петтото место, Ахмет Салмани од Шаховскиот клуб „Гостивар“ од Гостивар.