Нафетените милионери од Абу Даби, кои најверојатно својата играшка ја пронајдоја во фудбалот во облик на Манчестер Сити, чекаат на одоговорот на бразилецот и на Милан на нивната понуда. Денес официјално ја испраќаат својата делегација на „Сан Сиро“, но за 24 часа може се и сешто да се изрежира, што и самите најдобро го знаат, ако се земе во предвид дека лани летото на последниот ден од преодниот рок го ангажираа Робињо. Кака е под голем притисок. Во ваква ситуација во играта вчера се обиде да се замеша и Реал. Мадридјаните секако не можат да понудат толку колку што МОже Манчестер Стит, но веруваат дека историјата на клубот и реномето кое го уживаат можат конечно да го привлечат бразилецот на стадионот „Сантјаго Бернабе“. И сепак за разлика од Манчестер Сити тие играат во Лигата на Шампионите.
{loadposition content9}