Skip to main content

Шеиците од Париз спремаат страшни понуди

Париските шеици ги интересираат само трофеи

 |  инфодеск  | 

Спрема пишувањата на France Football, ПСЖ се спрема да му понуди на Челзи дури 75 милиони евра за Еден Азар. Освен тоа што ќе плати огромна отштета на Челзи, ќе му плати и на Азар 15 милиони евра годишно.

Азар веќе даде такви знаци дека не би имал ништо против селење од Лондон во Париз и дека со задоволство би го сменил дресот на Челзи со оној од ПСЖ, а како што пишува France Football, таа желба се засилила по состанокот со шеикот Tamim bin Hamad al-Thani во март во Доха.

Тогаш на Азар му била понудена плата од 15 милиони евра годишно и белгискиот репрезентативец, кој сега заработува околу 11 милиони во Челзи, дал начелна согласност.

Иако ПСЖ е веќе казнет поради финансиски фер-плеј, со купувањето на Давид Луиз и Еден Азар за вртоглави скоро 140 милиони евра, покажува дека не се оптеретува многу со финансиските сметки туку исклучиво го интересираат трофеи.

{loadposition content9}