Прв пат во својата 132 годишна традиција Лестер Сити стана првак на Англија откако Тотенхем не успеа да слави кај Челзи во последниот натпревар од 36 коло на Премиер лигата. Лисиците ја завршија една од најубавите фудбалски бајки кои некогаш се испишани, бидејќи од кандидат за опстанок во лигата пред сезоната ги надминаа сите очекувања и го шокираа светот.
Лестер Сити е основан во 1884 година и никогаш во својата историја не освоил голем трофеј. Најголемиот успех е отстварен во далечната 1929 година кога биле втори на крајот во првенството. Најголемиот успех во куп натпреварувањата се случил во три наврати кога го освојувал англискиот лига куп (1964, 1997 и 2000) и FA купот во 1971 година.
Пред да се врати во Премиер лигата клубот од Лестер проживеа 10 турболентни години во втората па и третата лига (2008/2009). Успонот започна во септември 2010 година кога во клубот пристигна актуелниот главен спонзор, водечкиот тајландски конзорциум за Азиски фудбалски инвестиции (AFI) на чело со Vichai Srivaddhanaprabha – King Power Group.
Во првите три сезони Лестер се бореше за промоција во Премиер лигата, а тоа му успеа во 2014 година кога Nigel Pearson го одведе клубот до насловот во Чампионсшип.
Во првата сезона во Премиер лигата по 2004 година Лестер тргна добро, а тогаш доживеа стрмоглав пад и по 29 кола имаше само 19 бодови и прикован за дното. Испаѓањето се чинеше неизбежно, но седум победи по ред во последните девет кола ги спасија од најлошото а тоа е испаѓањето од Премиер лигата.
Иако го спаси клубот од испаѓање Pearson на крајот беше отпуштен поради низа контроверзни ситуации во кои се најде за време на својот мандат, а на клупата беше донесен Клаудио Раниери кој сега може да се каже дека влезе во историјата
Раниери важеше за вечен губитник, а причината беше повеќе од јасна бидејќи како играч и како тренер на Наполи, Фиорентина, Валенсија, Атлетико Мадрид, Челзи, Јувентус, Рома, Интер и Монако не успеа да освои наслов првак на државата. Звучи неверојатно но е вистинито па така на прагот од својата 65 година го освои насловот на најпрестижната лига во светот.
Лестер Сити го започна формирањето на овој состав во 2011 година кога во клубот пристигнаа данскиот голман Kasper Schmeichel (бесплатно) додека Danny Drinkwater и Wes Morgan за еден милион фунти. Следната сезона во клубот пристигна Jamie Vardy кој во шест години настапи по локални терени на осмата лига стигна до шампион на Англија и статус на стандарден репрезентативец. Оваа недела беше прогласен и за најдобар играч во Премиер лигата по избор на новинарите. Можеби клучниот трансфер Лестер го направи веќе следната сезона 2014 година. Тогаш од францускиот ЛеАвр пристигна Алжирецот Riyad Mahrez кој заедно со Vardy го одведе клубот во Премиер лигата, а сега и до насловот првак на Англија. За враќањето во Премиер лигата лисиците се засилија и со Marc Albrighton, Leonardo Ulloa, Danny Simpson, Andrej Kramaric, Esteban Cambiaso , Robert Huth, Christian Fusch, Shinji Okazaki и N’gol Kante.
Од сите споменат играчи Раниери креираше состав кој во 36 кола запиша 22 победи, 11 ремија и само 3 порази со гол разлика 64-34, а на две кола пред крајот тие имаат на конто 77 бода и шампионска титула.