За Серена Вилијамс прво место на листата и титулата на УС Опен
Американската тенисерка Серена Вилијамс ја освои титулата на УС Опен. Таа во два сета ја победи српската тенисерка Јелена Јанковиќ со 6:4 i 7:5 во сетови.
Американската тенисерка Серена Вилијамс ја освои титулата на УС Опен. Таа во два сета ја победи српската тенисерка Јелена Јанковиќ со 6:4 i 7:5 во сетови. Мечот траеше два часа и 4 минути. Можеше да се видат многу пресврти, но Серена беше многу поагресивна и успеа во своето дванаесетто финале на Грен слем турнирите ја освои својата девета титула, трета во сингл на Отвореното првенство на САД. Серена заработи 1,5 милиони долари и се најде на третото месо по заработка на сите времиња. Јелена за второто место заработи 750.000 долари.
Првиот поен на мечот го освои Серена, која започна исклучително агресивно и ја користеше секоја можност да излезе на мрежата. Јелена се бранеше од основната линија и дури во четири наврати успеа да дојде до изедначување, но сепак Серена го доби првиот гем. Јелена многу полесно го доби вториот гем и изедначи на 1-1. Веќе во следниот гем Јанковиќ имаше три врзани брејк прилики и веднач ја искорити првата за 2:1. Серена веднаш успеа да го врати гемот назад, иако јанковиќ имаше предност од 40:0. Со неверојатно офанзива игра Вилијамс дојде до 3:2, за да следи брејк од 4:2.
Агресивната игра на американката продолжи и таа зголеми на 5:2, за да Јелена намали на 5:3. Во следниот гем Јелена имаше три брејк можности, од кои ја користи третата за да намали на 5:4. Сепак не успеа да се врати во мечот и после голема борба Серена го доби првиот сет.
Вториот сет донесе навистина лавовска и изедначена борба со многу изедначувања, во кој на крајот Серена со феноменален бекенд го освои Отвореното првенство на САД.
Ова е четврта титула на УС Опен за Вилијамс. Таа беше шампионка во сингл во 1999 година и 2002 година, додека во 1999 година триумфираше во дубл. Минатат година во четвртфиналето беше празена од Жастин Енан, која го освои турнирот. Серена со победата на УС Опен напредна за 750 поени, што ќе и го донесе првото место на ВТА листата од понеделник. Јелена ќе добие исто така 450 поени, со што ќе остане на второто место.