Skip to main content

Шест нови одличја за охридските стрелци на  III- тиот по ред Куп на МССФ

Наредниот викенд стрелците од охридските клубови треба да земат учество на традиционалниот меѓународен Турнир Пирин 2025 што треба да се одржи во Благоевград.
 |  инфодеск  | 

Изминатиот викенд во новиот Национален центар за спортско стрелаштво во Скопје, се одржа третиот по ред Куп на МССФ на кој учество зедоа сите активни спортски клубови од државата со свои претставници.

Поради одржување на континуитет и традиција, а со цел мотивација на спортистите од приоритетната олимписка дисциплина-воздушно оружје, беа доделени награди за 6-тиот Стрелец куп во сите дисциплини и категории.

Најуспешен настап во дисциплината воздушен пиштол-јуниорки имаше Стефанија Вељаноска од СК ,, Охрид” со извонреден резултат, воедно и личен рекорд од 552 круга, оставајки ја зад себе второпласираната со цели 8 кругови. Во истата категорија Милица Кочовска од ЖСК ,,Лихнидос” се пласира на четвртата позиција, додека од 6-тата до 8-мата позиција се пласираа Стефани и Наталија Савески, како и најмладиот член на ЖСК ,,Лихнидос”- Ана Мостро.

Кај јуниорите повторно златен медал и личен рекорд од 547 кругови за Иван Милевски од СК ,,Охрид”. Вицешампионсата титула му припадна на Климент Мостро од ЖСК ,,Лихнидос”со 541 круг, додека на наше големо изненадување со свој личен рекорд на третата позиција се пласира Никола Тодороски од СК ,,Охрид” со резултат од 524 кругови. Кај сениорите на пиштол Даниел Михајловиќ од ЖСК ,,Лихнидос” ја зазеде третата позиција со резултат од 530 кругови. Неговиот клупски другар Велибор Балоски се пласира на 6-тата, односно 5-тата позиција бидејки еден од натпреварувачите настапува вон конкуренција, со резултат од 517 кругови. И кај сениорките на пиштол немаше место на пиедесталот, па така Валентина Гоџоска од Лихнидос со заостанување од само два круга заврши на четвртата позиција.

Истата ,,среќа” во дисциплината воздушна пушка ја имаше и Балоски Кристијан од СК ,,Охрид”  кој потфрли во последните три дијаболи и не успеа да избори пласман во првите тројца пласирани, па заврши како четвртопласиран со резултат од 600, 2 кругови. Кај сениоркте на пушка сребрен медал за Ива Маленко од СК,, Охрид” со резултат од 599,1 кругови, додека кај јуниорките во истата дисциплина 6-та позиција за Теодора Спироска, 8-ма позиција со свој личен  рекорд за младата Тамара Кичеец од ЖСК ,,Лихнидос”.

Веднаш по настапот во Скопје на покана на стрелачкиот клуб Ниш 1881, нашите стрелци Ива Маленко, Даниел Михајловиќ и Велибор Балоски зедоа учество на првиот меморијален Турнир во чест на  Зоран Зоки Стоиљкович, истакнат спортист, тренер и селектор на репрезентација, каде приближно ги потврдија своите резултати од претходниот настап.

Наредниот викенд стрелците од охридските клубови треба да земат учество на традиционалниот меѓународен Турнир Пирин 2025 што треба да се одржи во Благоевград.