Skip to main content

Севернокорејски навивачи „made in China“

Северна Кореја нема да има многу навивачи на Светското Првенство во Јужноафриканската Република, така што владата одлучила да регрутира фанови од Кина.

 |  Маја Савиќ  | 
kinez
кинез
navivaciКинеската државна агенција Синхуа објавила дека кинеската канцеларија на Комисијата за Спорт на Северна Кореја дала илјада влезници за натпреварите на својата земја против Бразил и Португалија во Јоханесбург, односно Кејптаун.

Ова е втор пат Северна Кореја да се пласира на најелитното светско фудбалско збиднување.

Тоа се случи прв пат во 1966-та година, кога ја изненадија светската фудбалска јавност со победата над Италија и пласманот во четвртфиналето.

Меѓу кинеските навивачи кои овој пат ќе навиваат за Северна Кореја се наоѓаат и неколку славни личности кои претходно воделе слични групи на навививачи за Кина.

Репрезентацијата на Северна Кореја моментално се наоѓа на подготовки во западна Швајцарија. Тимот тренира за средбите против Бразил, Брегот на Слоновата Коска и Португалија, а и покрај тоа што групата Г е прилично сила, веруваат дека можат да стигнат до осмина финалето.
{loadposition content9}