Skip to main content

Конференциска лига УЕФА

Шампионот Струга Трим Лум оди во следното коло од конференциската лига на УЕФА

На реваншот во Подгорица, Марјан Радески постигна хет-трик, а погодок имаше и Бесарт Ибраими.
 |  инфодеск  | 
Струга Трим Лим

Екипата на Струга Трим Лум го мина Будуќност и се пласира во третото квалификациско коло во конференциската лига на УЕФА.

Македонскиот шампион славеше во Подгорица со резултат 4-3 и со вкупни 5-3 обезбеди пласман во наредната фаза на ова натпреварување. На реваншот Марјан Радески постигна хет-трик, а погодок имаше и Бесарт Ибраими.

Следен противник на Струга ќе биде екипата на Есперанж од Луксембург која го доби двомечот со ТНС од Велс.