Силина на групите пред извлекувањето
Еве кој се пласира во Лигата на шампиони
Извлекувањето на групите во Лигата на шампиони ќе се одржи во четврток во 17.45 часот во Grimaldi forum во Монако.
Најмногу претставници во извлекувањето ќе имаат Шпанците, Германците и Англичаните, по четири тима. Шпанија ќе ја претставуваат Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, Германија ќе биде со Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Шалке 04 и Баер Леверкузен, а Англичаните со Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи и Арсенал. Реал Мадрид ќе ја брани титулата првак на Европа. Лигата стартува на 16 и 17 септември.
Попис на учесниците по силина на групите:
Група 1 – Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Челзи, Бенфика, Атлетико Мадрид, Арсенал и Порто.
Група 2 – Шалке 04, Борусија Дортмунд, Јувентус, ПСЖ, Шахтјор, Базел, Зенит и Манчестер Сити.
Група 3 – Баер Леверкузен, Олимпијакос, ЦСКА Москва, Ајакс, Ливерпул, Спортинг Лисабон, Галата Сарај и Атлетик Билбао.
Група 4 – Андерлехт, Рома, Лудогорец, Апоел, Бате Борисов, Марибор, Монако и Малме.
{loadposition content9}


