Силна поддршка за спортот во Охрид

Силна поддршка за спортистите, спортските клубови и спортските манифестации во Охрид. Општината годинава издвои повеќе од 70 милиони денари за спортот. Се издвојуваат и субвенции за ЈП Билјанини извори за користење на спортската инфраструктура од страна клубовите и школите.
Како поранешен спортист и голем љубител на спортот актуелниот градоначалник Кирил Пецаков вели, спортот го доби заслуженото место.
„ Кога седнав како градоначалник имавме 14 мил. евра долг сега оваа година сме во позитива 4 милиони евра така да можам да кажам дека општина Охрид доживува финансиска револуција и ренесанса. И нормално е онаму каде што е најпотребно, а тоа е труд и социјала, култура и спорт да вложуваме повеќе за граѓаните. А спортот е посебно инетресен бидејки овозможува правилен раст и развој на младите и добиваат едно воспитување, кое на друго место не можат да го добијат. “ – вели Кирил Пецаков градоначалник
Охриѓани се најдобри во ракомет, но се посветува внимание и на развој и промоција и на водените спортови.
„Веќе во 2011 кога се оформи ракометниот клуб, сега е 2025 година е клуб кое е во најдобрите во плеј офот, или во првите шест или осум во зависност од системот на лигата. Другата година повторно ќе бидеме дел од европските натпревари, спорт кој традиционално се развива и најважно од се без исклучок во сите категории сме во најдобрите четири или шест екипи. Значи без младина, без подмладок кој ке го храни клубот нема иднина токму затоа вложуваме.“ – вели Пецаков.
Со манифестацијата Охридскиот фестивал на вода особено внимание се посветува на водените спортови. Воедно трета година по ред се одржува манифестацијата Најдобрите во спортот, кои се соодветно наградени што е мотив повеќе за поголеми успеси на спортското поле.
Новинар Соња Рилковска
Latest Спорт
