Синдикатот на НБА играчите пред распад!
Како што стојат работите по најновиот развој на настаните, одброени му се деновите на синдикатот на НБА играчите кои од први Јули стапија во штрајк, на тој начин предизвикувајќи го фамозниот „локаут“. Имено според изјавите на неименуван извор, вкупно 50 играчи најавиле дека ќе го напуштат здружението, доколку на наредната рунда од преговорите со сопствениците на клубовите, не биде постигнат никаков напредок.
Играчите се огорчени затоа што комесарот на лигата веќе го откажа целосниот натпреварувачки распоред што беше предвиден за Ноември. Се поголем е бројот на кошаркари кои што се сомневаат во способностите на своите претставници, и кои попрво би се вратиле на терените, одошто да продолжат да штрајкуваат. На крајот на краиштата, она што најдобро знаат и умеат да го прават, е играњето кошарка и тоа во најквалитетната лига на светот, наместо водењето математики на преговарачките маси.
{loadposition content9}