Сите го сакаат Арјен Робен
Според германските медиуми, фудбалерот на Баерн Минхен, Арјен Робен можно е од следата сезона да се пресели во Интер.
Според германските медиуми, фудбалерот на Баерн Минхен, Арјен Робен можно е од следата сезона да се пресели во Интер.
Билд пренесува дека „неразурите“ се подготвени да платат 18 милиони евра на Баерн, кој наводно би ја прифатил понудата.
Робен во последно време е незадоволен со минутажата која ја добива во „баварците“ и веројатно нема да има ништо против ако си замине од Алијанц арена.
Впрочем и во следното лето Пеп Гвардиола ќе го презеде германскиот гигант што значи ќе има многу промени во тимот.
И Галатасарај покажа интерес за услугите на холандскиот фудбалер од средниот ред. Заради бројните повреди сезонава Робен одигра само 11 натпревари во Бундеслигата, даде два гола и имаше пет асистенции.
{loadposition content9}