Сколимовска почина на тренинг
Полјакињата Камила Сколимовска, олимписка победничка во фрлање диск, ненадејно почина во текот на тренингот во португалското место Вила Реал де Санто Антонио.
Камила Сколимовска
Полјакињата Камила Сколимовска, олимписка победничка во фрлање диск, ненадејно почина во текот на тренингот во португалското место Вила Реал де Санто Антонио.
26-годишната олимписка победничка од Сиднеј 2000 година, паднала во текот на тренингот во салата. Веднаш била префрлена во болница, но лекарите не можеле да и го спасат животот.
Лекарите од полскиот атлетски сојуз сметаат дека причина за смртта би можела да биде белодробна емболија затоа што во вторникот се жалела на силни болки во листовите. Сколимовска е родена е на 4 ноември 1982 година, и таа е најмладата олимписка победничка во фрлање диск. Во кариерата освои и по една сребрена и бронзена медала на европските првенства.
{loadposition content9}