Слаба посетеност на Купот на конфедерации
Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер по првото коло на Купот на конфедерациите во Јужна Африка, изјави дека е гневен што најголемиот фудбалски настан во предмундијалската година е слабо посетен.
лого

Пред два дена, тој на локалниот организациски комитет му порача да ги дели билетите на ученици, со цел, осумте селекции да не играат пред празни трибини. ФИФА ги стави организаторите под силен притисок за да ги доведат гледачите на трибини.
– Навистина сме фокусирани во соработката со локалните организатори во начинот на привлекување на луѓето на трибините. Ова е најважен фудбалски настан годинава. Првпат на Купот на конфедерациите имаме три селекции кои се во врвните пет на ФИФА-листата и жално е да се видат стадионите полупразни – рече Николас Мањо, портпаролот на ФИФА.
Критиките најмногу беа насочени кон слабиот маркетинг на организаторите во промоцијата на настанот, за што Ј. Африка доби предуредувања уште пред два месеца. Лошата финансиска состојба најмногу влијае на тоа жителите на оваа земја, домаќин на Мундијалот идната година, да не се појават на стадион. Иако билетите и не се многу скапи барем за наши услови, околу шест евра (девет долари), тие се премногу за Јужноафриканците, затоа што дури 43 отсто од жителите живеат со два долари дневно.

{loadposition content9}