Смилевска, Велески и Велкова ќе ги бранат боите на Македонија на Балканското карате првенство во Истанбул
Тројцата се истакнати членови на охридскиот карате клуб „Кун-су-то“,

Во периодот од 6 до 8 ноември 2026 година во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи престижното Балканско карате првенство.
Меѓу најдобрите млади каратисти кои ќе ги бранат боите на Македонија и се дел од македонската карате репрезентација се и тројца истакнати членови на охридскиот карате клуб „Кун-су-то“, Анастасија Смилевска, Наум Велески и Марија Велкова.
Охридските репрезентативци во Истанбул влегуваат со голема мотивација и спортски дух, подготвени да се спротивстават на силната конкуренција од балканските земји.









