Skip to main content

Се смирија Адидас и Пума

Фирмите „Адидас“ и „Пума“ на браќата на Ади и Рудолф Даслер по караницата во 1948 година се лути ривали, но и најпознати брендови на спортска опрема.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Фирмите „Адидас“ и „Пума“ на браќата на Ади и Рудолф Даслер по караницата во 1948 година се лути ривали, но и најпознати брендови на спортска опрема.

logoПо 61-годишно легендарно ривалство, конечно се смирија германските гиганти за производство на спортска опрема „Адидас“ и „Пума“, основани од браќата Даслер, јави Ројтерс.

Мешани тимови на вработени во фабриките, на чело со управните директори, во комбинирана спортска опрема од двете фирми, одиграа пријателски фудбалски натпревар на Меѓународниот ден на мирот.

Браќата Адолф и Рудолф Даслер ја поседуваа фабриката „Гебрудер Даслер спортсшуфабрик“ во малото место Франконијан и изработуваа првокласна спортска опрема. Во нивните спринтерки Американецот Џеси Овенс го собори светскиот рекорд на 100 метри на Олимписките игри во Берлин, пред очите на Адолф Хитлер. Но, по жолчна расправија од се’ уште непознати причини, во 1948 година тие се поделија и не прозбореа меѓу себе додека беа живи. Нивните фирми – „Адидас“ на Ади Даслер и „Руда“, а подоцна „Пума“ на Рудолф Даслер – веќе шест децении се лути ривали, но и меѓу најпознатите брендови на спортска опрема. Постојано се натпреваруваа кои ѕвезди ќе ги облечат во својата опрема. „Пума“ се гордее со тоа што ја стекна верноста на Пеле. Бразилската фудбалска ѕвезда пред последниот свиреж на финалето на светското првенство во 1970 година го замоли судијата за момент да ја прекине играта за да си ги врзе копачките, но и да може милиони гледачи да го види знакот на „Пума“. Симболот на дивата мачка во скок го носеа и Борис Бекер и Михаел Шумахер.

„Адидас“, пак, го освои пливачкиот шампион Марк Шпиц, кој на Олимписките игри во Минхен во 1970 година на доделувањето на медали во рацете носеше „газели“ со трите препознатливи ленти. „Адидас“ носеа и Мухамед Али и Зинедин Зидан.

Според една неодамна објавена книга, причината за кавгата на браќата е обично недоразбирање. Во 1943 година, кога сојузниците го бомбардирале Херцогенаурах, Рудолф со сопругата прв дошол во скривалиштето, а подоцна пристигнале и Адолф со сопругата. Адолф прокоментирал: „Еве ги гадните копилиња, пак се тука“, мислејќи на бомбардерите. Рудолф помислил дека навредата е наменета за него и до крајот на животот браќата не прозбореле меѓу себе.

{loadposition content9}