Ф.К Воска Спорт по неколкудневни преговори успеа да склучи договор со црногорскиот тренер Миљан Радовиќ. Договорот со црногорскиот стратег е за период од една година.
Тренерот Миљан Радовиќ во Ф.Ц.Воска спорт доаѓа со многу багаж како тренер.
46-годишниот стратег неодамна раководеше со тимот Дечич во Црна Гора, каде што работеше и со тимовите на ОФК Грбаљ и ФК Сутјеска, додека во 2018 и 2019 година раководеше со екипите од Индонезија, ДСК Шиваџијанс, Пуне и Персиб Бандунг.
Радовиќ испиша историја во 2017 година со екипата на Грбаљ, играјќи за прв пат во историјата на овој клуб во финалето на Купот на Црна Гора, додека две сезони по ред со Сутјеска (2020/21) и со екипата на Дечич (2021/22) бил дел од натпреварите од Европската конференциска лига.