Skip to main content

Соборен дваесет години стариот рекорд на Александар Маленко

Македонските пливачи, Марко Блажевски и Горазд Чепишевски го имаа својот прв настап на Светското првенство во мали 25-метарски базени што се одржува во Доха, Катар.

 |  Голабовски Крсте  | 
marko blazevski
марко блажевски

marko blazevskiМакедонските пливачи, Марко Блажевски и Горазд Чепишевски го имаа својот прв настап на Светското првенство во мали 25-метарски базени што се одржува во Доха, Катар.

Најдобриот македонски пливач Марко Блажевски на 200 метри слободно постави нов државен рекорд, притоа уривајќи го нашето најдобро достигнување на Александар Маленко од пред 20—тина години.

Најдоброто време на Маленко беше 1;50,35 минути, а сега Блажевски трката во Доха ја исплива за 1;49,80 минути што беше доволно за 48. место во конкуренција на 100 пливачи.

На шампионатот во Катар настапи и Чепишевски во дисциплината 100 метри грбно, стаза која ја исплива а 56,70 секунди, со што за 55 стотинки го подобри сопствениот најдобар резултат. Тој се пласираше на 58 место од 89 пливачи.

{loadposition content9}