Skip to main content

Шоу Ливерпул – Арсенал

Во заостанатиот натпревар од 33-то коло во Премиер лигата гледачите на Енфилд Роуд можеа да видат вистинско гол – шоу.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Во заостанатиот натпревар од 33-то коло во Премиер лигата гледачите на Енфилд Роуд можеа да видат вистинско гол – шоу во дербито меѓу Ливерпул и Арсенал. Натпреварот заврши 4:4 (0:1), а јунак беше рускиот репрезентативец кај „топџиите„ Андреј Аршавин, кој ги постигна сите четири гола за својата екипа. Во редовите на „црвените„ по двапати прецизно стрелаа Фернандо Торес и Јуси Бенајун (израмни на 4:4 во третата минута од судиското надполнување). Арсенал водеше три пати 0:1, 2:3 и 3:4, додека Ливерпул само еднаш 2:1.

logoСо освоениот бод Ливерпул се изедначи со Манчестер Јунајтед со по 71 и е лидер поради подобрата гол разлика, но шампионот Манчестер Јунајтед има два натпревара помалку. Трет е Челзи со 67 бодови, Арсенал со 62 е четврти.
Вечерва се играат натпреварите: Челзи – Евертон и Манчестер Јунајтед – Портсмут.

{loadposition content9}