Последниот натпревар во кој чудесниот Аргентинец бриљираше беше оној против Манчестер сити, а од погодоци го спречи феноменалниот Џо Харт. Во втората половина од сезоната Меси го достигна и учинокот на Роналдо на кој цело време му гледаше в грб.
Роналдо постигна само пет голови во последните 10 натпревари, додека Меси во исто време запиша 17 погодоци. Ѕвездата на Барселона со тоа достигна 43 погодоци во 40 натпревари оваа сезона.
Спрема шпанските медиуми, будењето на Меси или ако може да се нарече препородот е резултат на губењето на тежината и исфрлањето на пицата од неговата исхрана. Така, Mundo Deportivo наведува дека Аргентинецот намалил 3,5 килограми, а промената во исхраната очигледно влијае на неговата форма.
Тешко е да се запамети кога Меси имал проблеми со тежината, но самиот тој потврдил дека апетитот му влијае на неговата форма. А формата стигна во прав момент кога на Барселона тоа најмногу ѝ треба, воочи на Ел класико, Лигата на шампиони и завршницата во шпанското првенство.
{loadposition content9}