Срби и Хрвати пазете се од Македонија!
Поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација во свој стил им порачува на селекциите на Србија и Хрватска да се чуваат од Македонија, посебно ако тој застане на кормилото на нашата репрезентација. Контроверзниот фудбалски стручњак истакнува дека преговорите со Фудбалскиот сојуз на Македонија за негов избор се во завршна фаза и дека во квалификациите ќе “им е** мајка на Србите и Хрватите”.
– Гледајќи ја групата, Хрватска е апсоутен фаворит, а тоа го кажува и рејтинг листата на ФИФА, на која Хрватска веќе цела деценија е меѓу најдобрите десет на светот. Секако, тоа не мора ништо да значи, бидејќи групата е многу интересна. Баш заради тоа, можам да им порачам на Србите и Хрватите да се чуваат од Македонците, посебно ако јас бидам селектор, бидејќи сме во преговори и постојат сериозни индиции дека ќе се случи тоа – изјави Блажевиќ.
{loadposition content9}