Skip to main content

Средба на Груевски со Платини

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска напладне ќе има работна средба со претседателот на УЕФА Мишел Платини.

 |  Крсте Голабовски  | 
Mischel Platini
Мишел Платини
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска напладне ќе има работна средба со претседателот на УЕФА Мишел Платини.

На средбата, како што е најавено, ќе стане збор за инвестирањето во фудбалската инфраструктура, како и за проблемите што се јавуваат во врска со даноците што Фудбалската федерација на Македонија(ФФМ) ги плаќа за донациите од УЕФА.

Mischel PlatiniСе очекува првиот човек на УЕФА да побара од Груевски државата да инвестира во фудбалот во Македонија, било преку директни инвестиции, или со донесување на соодветни закони.

Според најавата, Платини ќе го посети и стадионот „Филип Втори“ во Скопје, за одблизу да се запознае со капацитетите на најголемиот фудбалски храм во Македонија, кој во моментот е во фаза на изградба на нова северна трибина.

 

 

 

 

{loadposition content9}