Срушен рекордот на Меси
Со голот против италијанскиот шампион Јувентус во Торино, Кристијано Роналдо стигна до 14. погодок во Лигата на шампионите во 2013. година и го урна рекордот по бројот на голови во ова натпреварување во една календарска година, кој го држеше Меси.

Меси во 2012. година постигна 13 погодоци, но на две кола пред крајот на групната фаза во Лигата на шампионите Роналдо веќе има 14 голови зад своето име.
Со осмиот погодок на две кола пред крајот од фазата по групи, Португалецот се израмни со Ернан Креспо, кој постигна толку голови во оваа фаза во сезоната 2002/2003, како и со Руд ван Нистелрој од сезоната 2004/2005.
Во 100. натпревар од Лигата на шампионите, Роналдо стигна до вкупно 59. гол во ова натпреварување и со тоа се израмни со Тјери Анри на 3. место на вечната листа.
Пред него се само Лионел Меси со 63 погодоци (81 натпревар) и Раул, кој на 144 натпревари успеа да постигне 71 гол.
{loadposition content9}