Skip to main content

Стартот на Ф1 во 2017 за Фетел и Ферари

Четирикратниот светски првак стигна до 43 победа во кариерата

 |  инфодеск  | 

Себастијан Фетел е победник на Големата награда на Австралија, со која стартуваше новиот шампионат во Формула 1. Четирикратниот светски првак стигна до 43 победа во кариерата, а вкупно 87 пат е на подиумот.

За Фетел ова е прва победа по пауза од речиси една и пол година. Немаше триумфирано од трката во Сингапур во 2015 година. Второто место на патеката во Австралија го освои Луис Хамилтон од Мерцедес, додека трет заврши неговиот колега Валери Ботас.

Трката во Австралија беше одбележана од одличното возење на Фетел, но и тактичката грешка на Мерцедес, кои го повикаа Хамилтон во боксот многу порано пред тоа да го направат останатите ривали. Британецот ја поведе трката и имаше предност, но откако влезе да ги смени гумите се покажа како кобна грешка.

Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на 9 април во Шангај, за голема награда на Кина.

АВСТРАЛИСКО ГП

1.Себастијан Фетел (Ферари) 1:24:11.670

2.Луис Хамилтон (Мерцедес) +9.975

3.Валтери Ботас (Мерцедес) +11.250

4.Кими Раиконен (Ферари) +33.393

5.Макс Ферстапен (Ред Бул) +28.827

6.Фелипе Маса (Вилијамс) +1:23.386

7.Серхио Перез (Форс Индија) +1 круг

8.Карлос Саинц (Торо Росо) +1 круг

9.Данил Квјат (Торо Росо) +1 круг

10.Естебан Окон (Форс Индија) +1 круг