Skip to main content

Стартува училишната лига на спортови

Во неколку спортови ќе се натпреваруваат учениците од основните и средните училишта во градов.

 |  Голабовски Крсте  | 
Alександар Петрески
Aleksandar Petreski

Секоја среда и сабота од денес па до крајот на учебната година, ќе биде резервирана за спорт. Поразени или победници, во напад или во одбрана, денес во спортската сала „Атина Бојаџи“ најмладите се натпреваруваа и навистина уживаа во фудбалот.

фудбалВо фудбал ќе се натпреваруваат  учениците од шестите одделенија, додека во одбојка учениците од седмите и осмите одделенија. Средните училишта ќе се натпреваруваат во и во фудбал, одбојка и пинг-понг. Почеткот на училишната спротска лига го означи градоначалникот Александар Петрески, кој истакна дека ваквите масовни спортски манифестации треба да бидат поттик за ентузијастите и бизнис елитата од градов ,да го потпомогнат развојот и афирмацијата на спортот воопшто. А целта за одржување на ваква спортска манифестација е многу благородна.

„Целта ни е спортскиот дух уште од најмала возраст да го всадиме кај децата и да направиме еден своевиден расадник за охридските екипи, со подмладок токму од охридските деца“, рече Петрески.

победникГрадоначалникот Петрески се надева дека оваа спортска манифестација ќе продолжи да се одржува од година во година и дека во иднина освен фудбалот помасовно ќе бидат вклучени и одбојката, ракометот, пинг-понгот, атлетиката и останатите спортови за кои има интерес кај најмладите.

Во лигата учествуваат ученици од средните и основните училишта од Охрид кои ќе се натпреваруваат во повеќе спортови. Орагнизатор и целосен покровител на оваа лига која се одржува секоја година е Општината Охрид во соработа со Сојузот на училишни спортови.

{loadposition content9}