Skip to main content

Стефановски го преплива Ла Манш

Македонскиот пливач-маратонец Томи Стефановски успеа да го препливува каналот Ламанш за време од 7 часа, 42 минути и 32 секунди.

 |  Крсте Голабовски  | 
Tomi Stefanovski
Томи Стефановски
Македонскиот пливач-маратонец Томи Стефановски успеа да го препливува каналот Ламанш за време од 7 часа, 42 минути и 32 секунди.

La ManshСо препливувањето тој се стекна со националното спортско признание популарно наречено спортска пензија и по неговото пристигнување во Скопје свечено ќе биде примен во Агенцијата за млади и спорт.
На францускиот брег, кај пристаништето Кале, македонскиот пливач пристигна изморен, но пресреќен поради својот голем успех, особено што времето што го постигна е за речиси два часа подобро од она што пред тргнувањето во англиското пристаниште Довер го предвидуваа тој и екипата што го придружува.
Стефановски во првата половина од делницата, долга околу 34 километри, имал подобри услови, затоа што брановите биле мали, а ветерот поумерен, но во вториот дел на неговото пливање, на француската страна од каналот, временските услови се влошиле,а  и морските бранови биле поголеми.
Томи Стефановски е третиот македонски пливач што ја поминал „класичната“ маратонска пливачка делница меѓу бреговите на Велика Британија и Франција. Пред него, прв тоа го направи Нико Нестор, во далечната 1959 година, а подоцна охриѓанката Атина Бојаџи, која борејќи се со големите и силни струи во Ламанш мораше да плива дури 13 часови за да стигне од Кале до Довер.
Стефановски тргна утринава околу 6 часот од Довер, каде неколку денови се подготвуваше чекајќи ја одлуката на британскиот капетан кога да го започне пливањето преку каналот.
Прв пат овој воден пат, што Англичаните го нарекуваат англискиот канал, а Французите Ламанш, го има препливано англискиот капетан Метју Веб, уште во далечната 1875 година. За овој „историски потфат“ на Веб тогаш му биле потребни повеќе од 22 часа пливање.
Досега над 100 пливачи, мажи и жени, на разни возрасти, го препливале каналот во едната или во другата насока.
Рекордот во препливување на делницата го држи Бугаринот Петар Стојчев кој го преплива каналот за помалку од седум часа.

{loadposition content9}