Стипендии за најдобрите македонски боксери
Стипендии на двајцата најдобри македонски боксери ќе им бидат доделени во среда во Скопје.
Стипендии на двајцата најдобри македонски боксери ќе им бидат доделени во среда во Скопје.
За таа цел, Агенцијата за млади и спорт ќе потпише стипендиски договори од светска категорија со Примислав Димовски и Вели Мумин.
Стипендиите се доделуваат според Правилникот за категоризација на спортистите, а по повод освоеното 5-то место во категоријата до +91кг во бокс на Светско првенство (Примислав Димовски) и за освоеното 3-то место во категоријата до 51 кг во бокс на Европско првенство (Вели Мумин)
Воедно со еднократна парична награда ќе бидат наградени и стручните лица кои партиципирале во работата на Македонската боксерска сениорска репрезентација.
{loadposition content9}