Што ќе биде со Ф1?
Повеќето од сегашните тимови во Формула 1 тешко дека ќе го потврдат своето учество во шампионатот следната година до крајниот рок 29 мај, смета сопственикот на комерцијалните права во овој спорт Берни Еклстоун.
болид

„Ќе треба да почекаме и да видиме. Јас мислам дека мнозинството веројатно нема да достави пријава“, скептичен е тој.
Шампионот Ферари, како и Тојота, Рено и двата тима на Ред бул се заканија дека ќе се повлечат ако не бидат изменети правилата за сезоната 2010, кои вклучуваат опционално ограничување на буџетот на екипите на 40 милиони фунти (63,2 милиони долари). Еклстоун признава дека тоа го загрижува.
„Не сакаме да го загубиме Ферари“, вели тој. „Се надевам дека тоа нема да се случи. Загрижен сум зашто не сакам тие да си заминат. Мислам дека тоа не го посакува никој“.
Првиот човек на овој спорт се сомнева дека ќе има лесна солуција за кризата што се заканува да го подели спортот, а директорот за мотоспорт во „Тојота“, Џон Хаует, додава дека неговиот тим не би можел да учествува се’ додека не бидат решени повеќе прашања.
„Голема е веројатноста да не се пријавиме пред рокот бидејќи не очекувам тие прашања да се разјаснат дотогаш“, изјави Хаует. „Ако ништо не се промени, мислам дека, професионално, не е можно да се убеди компанијата да го стори тоа. Не можам да го препорачам тоа“.
Ферари, пак, возврати на ударот што го доби во вид на отфрлање на жалбата од судот во Париз, кој не го прифати барањето од тимот да се спречи спроведувањето на новите правила следната сезона. Најуспешната и најгламурозна екипа во историјата на овој спорт во своето соопштение издадено во пресрет на гран-прито во Монако предупреди дека се’ уште би можеле да покренат легална постапка и оти ќе ја исполнат заканата за напуштање на Формула 1 ако правилата не бидат изменети.
„Постоењето и валидноста на правото на вето што го има Ферари според писмениот договор со сенатот на ФИА беа признати од судот, како и фактот дека случајот е од договорна природа“, стои во соопштението. „Ако не е можно сите страни да постигнат договор, тогаш… Ферари нема да ги вклучи своите болиди во натпреварувањето што, според планираното сценарио, ќе ги разводни карактеристиките што и’ донесоа на Формула 1 статус на најважна серија во мотоспортот“.
Објавените предлог-правила за 2010 предвидуваат поголема техничка слобода за тимовите што ќе прифатат буџетско ограничување во однос на тие што ќе изберат да продолжат со нелимитиран буџет. Ферари тврди дека тоа ќе доведе до подвојување на шампионатот и наплив на нови тимови.
„Вирт Рисрч, Лола, Ју-Ес Ф1, Епсилон Еускади, РМЛ, Формтек, Кампос, иСпорт. Тоа се имињата на тимовите што би се натпреварувале во подвоената Формула 1 посакувана од Мозли. Може ли Светското првенство со тимови како овие, со должна почит, да има иста вредност како денешната Формула 1, во која учествуваат Ферари, големите автомобилски производители и тимови, кои ја креираа историјата на овој спорт? Нема ли да биде посоодветно таа серија да се нарече Формула ГП3?“, јавно прашаа од Ферари пред одлуката на парискиот суд, ставајќи ја под сегашната ГП2-серија што служи како филтер за возачите со Ф1-амбиции.
Претседателот на Меѓународната автомобилистичка федерација, Макс Мозли, на сето ова одговара: „Ниту еден натпреварувач не треба да ги става своите интереси пред тие на спортот во кој се натпреварува. ФИА, тимовите и нашите комерцијални партнери ќе продолжат да работат на обезбедувањето добра иднина на Формула 1“.
За денеска во Монако е закажан состанок на Асоцијацијата на тимовите во Формула 1 (ФОТА), на кој ќе се разгледува ситуацијата по средбата со Мозли во Лондон минатата седмица, која заврши со разногласие. Претставниците на некои од екипите станаа и го напуштија тој состанок на аеродромот „Хитроу“, други останаа да седат.
„Мораме да ја разјасниме позицијата на членовите на ФОТА. Ни треба тристран ’Договор Конкорд‘ во кој ќе биде апсолутно јасно како може да се менува регулаторната рамка. Ние не сакаме да ги диктираме правилата, но тие мора да имаат фиксна структура и да се знае кога и како ќе може да се менуваат. Сега не е таков случај“, изјави Хаует, кој е потпретседател на ФОТА.

{loadposition content9}