Репрезентативците Julian Draxler и Benedikt Howedes, заедно со возачот на формула1 Nico Rosberg и возачот од серијата DTM Pascal Wehrlein, учествувале во сообраќајна несреќа во Јужен Тирол. Тие поминале неповредени, но тешко настрадале двајца пешаци.
За време на снимањето на рекламен спот, улицата за таа намена била затворена, но две лица ја игнорирале забраната и притоа се нашле на патот на Rosberg. Тој успорил, а Wehrlein кој бил зад него скршнал за да не удри во него, но удрил во двајцата пешаци.
Двајцата се тешко повредени и итно превезени во болница, но останатите детали кои довеле до несреќата ќе бидат познати по истрагата.
“Шокиран сум од несреќата. Моите мисли се во луѓето кои беа повредени. Им посакувам брзо опоравување”, порачал Nico Rosberg на Твитер.
Инцидентот силно го потресол и Benedict Howedes, одбранбениот играч на Шалке, “Во состојба на шок сум и тоа го решавам со разговори со тренерите и докторите. Многу ми е жал. Сега мислам само на оние кои настрадаа и на нивните фамилии”, рекол Howedes за Bild.
{loadposition content9}