Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Струга Трим Љум на четири кола до крајот објави дека настапите во Лигата на шампионите или Лига Европа како домаќин ќе ги игра на стадионот „Билјанини Извори” во Охрид.
Победата против Тиквеш во претходното коло од 2:0 и математички донесе „виза” за Европа за екипата на Струга, која се бори за двојна титула што за овој млад клуб ќе биде историски успех.
Стадионот во Охрид е лиценциран за европски натпревари, а на овој терен македонската репрезентација до 21 година играше квалификационен натпревар против репрезентацијата на Србија.