Skip to main content

Прво квалификациско коло во Лигата на шампиони

Струга Трим Лум денеска игра против Жалгирис пред полни трибини во Охрид

Клубот објави дека сите билети за вечерашниот меч се распродадени и трибините на стадионот „Билјанини извори“ ќе бидат исполнети до последното место.
 |  инфодеск  | 
Струга Трим Лум - Жалгирис

Македонскиот шампион Струга Трим Лум денеска во 17 часот на стадионот Вилјанини Извори во Охрид го игра реванш мечот против Жалгирис од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Струга Трим Лум одигра 0:0 на првиот дуел во Литванија, со што има можност за пласман во следното коло каде својот противник го чека турскиот шампион Галатасарај.

На прес конференција тренерот на стружани, Шпетим Дуро, фаворитската улога му ја препиша на литванскиот тим.

„Поради многу аспекти Жалгирис е фаворит. Имаат големо искуство, буџет кој можам да кажам дека е 20 пати поголем од нашиот, а во минатата сезона ја покажаа силата со пласман во групната фаза од Лигата на конференции елиминирајќи тимови како Малме. Но, на теренот на првиот меч се виде дека нема голема разлика, се надевам дека така ќе биде и во Охрид. Се надевам дека стадионот ќе биде полн и ќе имаме голема поддршка од трибините“, кажа Дуро.

Клубот објави дека сите билети за вечерашниот меч се распродадени и трибините на стадионот „Билјанини извори“ ќе бидат исполнети до последното место. Струг ТЛ пушти билети по цена од 1.200 денари, но истите ќе важат и за сит домашни натпревари во првенството на Македонија, а секој навивач со билетот ќе добие и подарок, маица со клупските обележја.