Skip to main content

Македонскиот фудбалски првак на европските клупски натпревари

Струга Трим Лум во среда игра против Будуќност за Конференциската лига на УЕФА

Натпреварот ќе се одигра на стадионот во Охрид, а билетите по цена од 500 ден се веќе пуштени во продажба.
 |  инфодеск  | 
Струга Трим Лум

Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум откако на самиот старт го заврши настапот во Лига на шампиони продолжува со европско натпреварување во УЕФА Конференциска лига.

По поразот од Жалгирис со 1-2 во првото квалификациско коло на фудбалската Лига на шампионите, стружани имаат поправен испит во второто коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Струга Трим Лум ќе се сретне со Будуќност во среда на 26 јули во 17:00 часот. Натпреварот ќе се одигра на стадионот Билјанини извори во Охрид

Веќе се пуштени во продажба билетите кои чинат по 500 денари, а може да се купат онлајн на “karti.com.mk“, како и во Емпире бар.

Вториот натпревар се игра на 3-ти август во Подгорица.